Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.
Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара.
По главниот удар, регистрирани се неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1 степени.






