Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата
Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.
Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје