Земјотрес почуствуван вечерва во Скопје

Земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Скопје. Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека земјотресот е регистриран во 20 часот и 35 минути и е почувствуван од населението на градот Скопје и околината.

Земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Back to top button
Close