Земјотрес почувствуван вечерва во Тетово и Гостивар, јачината 3,4 степени – епицентар во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија доцна вечерва ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар.
Според првичните информации на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Нејасно е дали има причинето материјална штета.
Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.