Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во Охрид и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил на 98 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Охрид.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 9 часот и 4 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Back to top button
Close