Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала во Албанија, почувствуван во Преспа и Охрид

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Потресот во земјава бил почувствуван со послаб интензитет во Преспа, Охрид и околината.

 

Земјотресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан/Фото: ЕМСЦ

„Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје на Елбасан со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала“ соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри југоисточно од градот Либражд

Back to top button
Close