Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Кабул

 Земјотрес со магнитуда на ударот од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска околу 20,30 часот по локално време, го погоди Авганистан, јавија американските медиуми.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул, на длабочина од 7,4 километри, покажуваат податоците на Евромедитеранскиот сеизомолошки центар (ЕМСЦ)

Сведоци изјавуваат дека станувало збор на силен потрес што траел кратко и при кој се слушнала силна експлозија.

Засега нема информации за жртви или штети.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close