Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на островот Крит во Грција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот е лоциран на 139 километри североисточно од Ираклион, град на Крит.

Нема информации за причинета материјална штета.

Според тамошните медиуми, надлежните ја следат состојбата.

Грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи во март беа погодени од серија земјотреси.

Back to top button
Close