Земјотрес со јачина од 4 степени ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4 степени рано утрово ја погоди јужна Грција, поточно околината на градот Фенеос во регионот Коринт на Пелопонез, пренесува грчки „Катимерини“.
Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е на 4 километри северозападно од градот Фенеос на длабочина од 11 километри.
Засега нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на земјотресот на 4 степени според Рихтеровата скала.
Инаку, Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде земјотресите се чести.