Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово погоди делови од северозападна Грција и регионот околу популарниот туристички остров Крф.

Според Геодинамичкиот институт на Универзитетот во Атина, умерениот потрес се случил околу 5:32 часот наутро по локално време.
Грчките медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во јужна Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на копно во близина на регионалниот центар Јанина на длабочина од околу 10 километри. Следувале многубројни помали потреси.
Многу жители се разбудиле и истрчале од своите домови. Локалните медиуми објавија дека имало привремени прекини на електричната енергија во некои региони. Имало и помали лизгања на земјиштето.
Досега нема извештаи за повредени или значителни штети на зградите, изјави експертот за земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ њуз.
Извор: 360stepeni.mk






