Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди централна Турција, соопшти државната агенција за справување со катастрофи.

Веднаш не беше соопштено дали земјотресот предизвикал жртви или материјална штета.

Според Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот се случил во градот Сулусарај, во провинцијата Токат, на околу 450 километри источно од главниот град Анкара.

Според телевизијата Хабер Турк, земјотресот бил почувствуван во соседните провинции. Земјотресите во Турција се чести бидејќи земјата лежи на активни раседи.

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер минатата година погоди делови од јужна Турција и соседна Сирија, при што загинаа повеќе од 59 000 луѓе.

Back to top button
Close