Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер го погоди регионот на Курилските острови во Русија

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Курилските острови во Русија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Back to top button
Close