Земјотрес со јачина од пет степени регистриран во Грција

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во Коринскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина.Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот дел, југоисточно од градот Галаксиди.

Back to top button
Close