Земјотрес со магнитуда 4.8 ја погоди Грција

Силен земјотрес со магнитуда 4,8 во саботата вечер го погоди градот Калаврита во Грција, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC. Првичните извештаи говореа за магнитуда 6,3, како што пренесе и Reuters, но подоцна вредноста беше коригирана.
„Прво се слушна татнеж, а потоа куќата почна да се тресе“, напишал еден од сведоците на EMSC. „За среќа, плочките останаа на место. Епицентарот, изгледа, бил во селото Коутели кај Калаврита“, додал друг сведок.
Извор: trn.mk






