Земјотрес утрово ја погоди Турција, се тресел и југоистокот на државата

Силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

„Земјотресот е регистриран во 8:55 часот по локално време на длабочина од осум километри“,соопштија оттаму.

Земјотресот е регистриран на 30 километри од Бесни во Турција, односно на 55 километри од Кахраманмарас, во југоисточниот дел на земјата.

Засега нема информации дали има повредени или е предизвикана материјална штета.

Back to top button
Close