Земјотрес вечерва почуствуван во Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 17 минути во западните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес.

Земјотресот чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 200 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: centar.mk

Back to top button
Close