Земјотрес во Македонија: Потрес од 2,8 степени регистриран меѓу Тетово и Гостивар

Слаб земјотрес попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар.
Според првичните податоци од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот, со локална магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот, според овие податоци, бил на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планински предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.
Потресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Со оглед на магнитудата, станува збор за послаб земјотрес кој може да биде почувствуван од дел од населението во близина на епицентарот.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Се очекуваат официјални податоци од надлежните сеизмолошки институции за точната магнитуда и локацијата на епицентарот.
Извор: skopje1.mk






