Косово бара преиспитување на одлуката за задолжителни тестови за косовските граѓани кои влегуваат во Северна Македонија

 Косовскиот министер за здравство Арменд Земај денеска побара Северна Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни ПСР тестови за влез на граѓаните од Косово во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај на Фејсбук напиша дека одлуката на македонската Влада им штети на косовските граѓани и на бизнисот.

Тој додаде дека побарал од Амбаса на Косово во Северна Македонија да ги контактира властите за изнаоѓање на решение.

– Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата против коронавирусот, истакна Земај.

Back to top button
Close