Зенген: Запленетата нафта наменета за Венецуела не е на Иран

Нафтата што САД ја запленија од танкерите што пловеа кон Венецуела не е во сопственост на Иран, изјави денеска иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Занген.

Тој истакна дека САД немаат право да конфискуваат товар во меѓународни води.

САД минатата недела соопштија дека заплениле нафта од четири танкери за да спречат испораката на иранска нафта за Венецуела, истакнувајќи дека двете земји се под санкции.

– Американците тврдат дека заплениле иранска нафта. Меѓутоа, иако нафтата е испратена од Иран, ниту танкерите ниту нафтата не е во сопственост на Иран, наведе Занген.

Тој додаде дека нафтата е продадена и оти е извршена уплата, но, не откри кои се купувачите.

Back to top button
Close