Зетот на градоначалникот на Подградец имал “фабрика” за марихуана во струшка Дрслајца

Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Подградец одгледувал марихуана во селото Оровник-Охрид, јави Ора њуз телевизија.

Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана“, наведува телевизијата.

Според истиот извор, во акцијата биле уапсени десет лица, меѓу кои и зетот на градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, за кој се вели дека бил „сопственик во сенка на оваа фабрика“.

Во кусиот телефонски разговор Џаколи рекол дека зетот е на одмор во Турција и негирал каква било поврзаност на неговиот зет во ова нелегална активност.

Back to top button
Close