Згаснува медиумската империја на Орбан

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја одржа својата моќ со помош на медиуми кои ја ширеа неговата пропаганда. Откако дојде на власт, Орбан ги стави под своја контрола повеќето медиуми во Унгарија и на тој начин успеа да уништи некои од најзначајните весници во земјата.
По победата на „Тиса“ на парламентарните избори во април, „медиумите на Орбан“ се соочуваат со сè посериозни тешкотии. Анализата на унгарскиот портал 444.hu се базира на податоци од меѓународната технолошка и истражувачка компанија Гемиус, која се занимава со мерење и анализа на интернет публиката и медиумските навики. Податоците покажуваат дека сообраќајот на веб-страниците на најголемите медиуми, кои за време на владеењето на Орбан следеа уредувачка политика во негова корист, се намалил во просек за 40% за само неколку дена.
Порталот Origo, за кој 444.hu тврди дека шири „путинистичка“ пропаганда, имал 469.500 реални корисници на 18 мај, додека на 24 мај бројот се намалил на само 170.700. Според 444.hu, просечниот сообраќај на страницата помеѓу 22 и 28 мај бил за 51% помал од претходната недела.
Онлајн изданието на Magyar Nemzet, кое 444.hu го идентификува како весник на партијата Фидес достигна врв од 182.600 реални посетители на 18 мај. Сепак, до 28 мај, страницата нагло падна на само 72.700 корисници. Таблоидот Fidesz BorsOnline го достигна својот најголем сообраќај на 19 мај со 300.600 реални корисници, а на 25 мај бројот се намали на 132.700 посетители. Порталот на публикацијата „Мандинер“ објави најголем релативен пад: на 20 мај имаше 186.300 реални корисници, додека на 24 мај тие паднаа на 52.100






