Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција

Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 се во Кавала, 19 во поширокиот регион на Атина, по три на Крф и Халкидики итн.

Бројот на нови случаи во Грција секојдневно расте, со оглед на тоа дека во понеделникот беа регистрирани 35 новозаразени, вчера 78, а денеска 110, додека пак во изминатите шест дена, има вкупно 397 нови случаи.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.587 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.

Back to top button
Close