Зголемен број новозаразени во Грција

Веќе втор ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, а денеска беа соопштени 858 новозаразени, највисок број во изминатите 15 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите 24-часа починаа 32 лица, а 274 граѓани се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.

Загриженост кај епидемиолозите во Грција предизвикува областа Атика, поширокиот регион на Атина, со оглед на тоа дека секојдневно, речиси половина од новозаразените се во овој дел од земјата.

Денеска од 858 случаи,  409 се во конкретната област.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција рече дека во Атика, активни се 2.374 случаи, нешто што ги загрижува.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 154.083 позитивни случаи, а починаа 5.724 лица.

Back to top button
Close