Зголемен бројот на хоспитализирани деца во Куманово: Од болницата велат дека е класичен сезонски грип

Лабораториските и микробиолошките анализи покажуваат дека циркулираат сезонски вирусни респираторни инфекции, аденовируси, инфлуенција А и инфлуенција Б
Има зголемен број деца хоспитализирани на детско одделение во кумановската болница, како и на бројот на прегледи. Дневно има околу 100 прегледи на детското одделение, хоспитализирани се дваесет дечиња, а во дневна болница се третираат 15-тина деца.

„Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто доаѓаат со висока температура до 40 која трае од четири до пет дена. Горнореспираторни инфекции се во прашање, проследени со кашлица, црвено грло, зголемена секреција од нос. Класичен сезонски грип“,

изјави началничката на детското одделение од болницата, д-р Ферихан Бајрами, јави дописничката на МИА.
Децата со висока температура се третираат интравенски со соодветна терапија.

Back to top button
Close