Зголемен број позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници во Грција, затворена болница во Солун
Поради 14 позитивни случаи на Ковид-19 кај лекарскиот и болничкиот персонал, болницата „Ахепа“ во Солун, до петок нема да прима пациенти заразени со коронавирусот за да се заврши со предвидениот процес на дезинфекција, соопштија од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Федерацијата на вработени во државните болници во Грција, за грчките медиуми велат дека во текот на август вкупно 59 здравствени работници се заразени со коронавирусот.
Согласно одлуката на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, сите вработени во здравствените центри, болниците и слично, без разлика на нивната позиција, задолжително е да направат молекуларен ПЦР тест, откако ќе се вратат на работа по летните одмори.
Вчера, како што објави МИА, беше потврдено дека во друга солунска болница, позитивни се шест здравствени работници се заразени со коронавирусот, откако се вратиле на работа по користењето на летниот одмор.
Во овие рамки, било откриено дека шесттемина здравствени работници се позитивни на Ковид-19.