Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

 Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close