Зголемена е опасноста од пожари на отворено, алармира Дирекцијата за заштита и спасување

Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор, алармира Дирекцијата за заштита и спасување.

„Ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари – ЈП Национални шуми, Единици на локална самоуправа, Територијални против пожарни единици и УХМР. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети“,се вели во нивното соопштение.

 

 

Back to top button
Close