Зголемена концентрација на сулфур диоксид над Македонија поради ерупцијата на Етна

Во последниве денови, на социјалните мрежи и во медиумите сè почесто се појавуваат мапи со зголемени концентрации на сулфур диоксид (SO₂) над регионот, како последица од неодамнешната ерупција на вулканот Етна во Италија. Податоците од Copernicus Atmosphere Monitoring Service покажуваат дека колонската количина на SO₂ над Македонија моментално изнесува околу 65 милиграми по квадратен метар (mg/m²).

 

Што значи оваа вредност?

Колонската количина претставува вкупната концентрација на гасот во еден вертикален столб на атмосферата над 1 m² земјина површина, и не се однесува директно на концентрацијата на приземно ниво, која е клучна за здравјето на луѓето. Типичните фонови за Македонија се движат меѓу 10 и 20 mg/m², додека вредности над 50–100 mg/m² се сметаат за зголемени, најчесто поради природни настани како вулкански ерупции.

Според експертите, актуелната количина од 65 mg/m² е зголемена, но се наоѓа на високи надморски височини, што значи дека не претставува директна опасност за луѓето на земја.

Повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close