Зголемена облачност, северен ветер и ниски утрински температури, најавуваат метеоролозите

 

Повремено зголемување на облачноста и умерен северен  ветер, кој долж Повардарите ќе биде засилен, најавуваат метеоролозите за утре во земјава.

Според информцијата од УХМР, потоа продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Утринските температури некаде ќе спуштат до минус девет, а дневните ќе се движат од осум до 16 степени.

Back to top button
Close