Зголемени водостоите на Вардар, Пчиња и на Црна Река

– Зголемени се водостоите на Вардар, Пчиња и на Црна Река.

Како што соопшти УХМР, денешните мерења покажуваат значително поголемо ниво од просечното за месец август на Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, Велес и кај Демир Капија, Нивото на Пчиња е двојно поголемо од просекот кај Катлановска Бања и Пелинце. Со двојно повисок водостој е и Црна Река кај Новаци.

Под просечната вредност е нивото на реката Струмица кај Ново Село. Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка се блиску до просекот за месец август.

Измерените нивоа на Охридско, Преспанско и на Дојранско Езеро се во рамки на просечните вредности.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close