Зголемениот криминал е главна тема за изборите за градоначалник на Њујорк

АФП, Париз

Напади со ножеви во подземната железница, масовни престрелки, вклучително и на Тајмс Сквер: откако долго време се фалеше дека е една од најбезбедните метрополи во светот, Њујорк се соочува со зголемен криминал, што стана централна тема на кампањата за општините.

По седумдесеттите и осумдесеттите години од 20-от век, кога во најголемата метропола во САД, зафатена со буџетската криза, беснееше криминалот, од средината на 90-тите години почнаа да се намалуваат криминалните појави.

Меѓутоа сликата се влошува од летото 2020 година, а тоа што првично се чинеше дека е привремена последица на економската несигурност предизвикана од пандемијата и движењето против полициското насилство од смртта на Џорџ Флојд, веќе не изгледа како несакан ефект.

-Насилството очигледно се зголемува и постои ризик зголемувањето во 2020 година да продолжи и во 2021 година. Постои огромна економска несигурност, огромен стрес. Се придонесува за насилството, кое има тенденција да се репродуцира, изјави професорот по кривично право на Универзитетот Фордем, Џон Пафаф.

Иако Њујорк постепено излегува од здравствената криза и невработеноста се намалува, статистиката не се подобрува. Најновата статистика, заклучно со 9 мај, бележи 505 жртви на пукања од почетокот на јануари, во споредба со 275 во истиот период од 2020 година, што е највисоко ниво во последните 10 години. Во истиот период регистрирани се 146 убиства, што е зголемување за 27 проценти во споредба со 2020 година и 40 проценти во споредба со 2019 година.

Според официјалните податоци, криминалот во метрото опаднал за 43 проценти. Меѓутоа, многу луѓе сметаат дека ова е погрешно бидејќи сообраќајот на патници е намален поради пандемијата.

На 8 мај, во престрелка среде бел ден, во која беа повредени две жени и мало девојче на Тајмс Сквер, ја испрати темата директно во центарот на кампањата за локалните избори, шест недели пред првичните избори кај демократите, закани за 22 јуни. Се очекува на овие првични избори да биде избран победникот на локалните избори во ноември, со оглед на тоа колку републиканците се непопуларни во Њујорк.

Главни претенденти се поранешниот претседателски кандидат Ендру Јанг, претседателот на округот Бруклин и поранешен полицаец Ерик Адамс и поранешниот банкар на Вол Стрит, Рејмонд Мекгваер.

Во оваа се уште прилично отворена трка, се редат кандидатите за ова најпопуларно место за туризмот во државата Њујорк и ветуваат одлучни активности за подобрување на безбедноста, доколку бидат избрани.

 Политичка употреба

Претседателот на службата за транспорт во Њујорк, Пат Фој, бо петокот го зголеми притисокот повикувајќи на итно испраќање стотици полицајци во метро станиците, каде што нивното присуство веќе се зголеми во последните неколку недели.

Тој дури актуелниот градоначалник, левичарскиот демократ Бил де Блазио, го нарече „неодговорен“, обвинувајќи го за занемарување на реалноста со која се соочуваат патниците.

Како одговор на прашање од локалното радио, Де Бласио ја повтори својата мантра дека криминалот ќе се намали со заживување на економската активност, која се појавува со укинувањето на ограничувањата за коронавирусот.

Тој, исто така, го обвини Фој за влевање страв на барање на гувернерот демократ Ендру Куомо. Гувернерот е политички противник на градоначалникот и го надгледува превозот во Њујорк и редовно го обвинува Де Блазио за непостапување во криминал.

Факт е дека зголемувањето на насилството исто толку е неоспорно колку и неговата употреба за политички цели.

Некои луѓе во републиканскиот табор, како коментаторот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, дури го опишуваат Њујорк како криминално засолниште, што е далеку од реалноста на теренот.   Други, пак, особено во демократскиот табор, бараат да не се оди во крајности.

-Не слушам како некој околу мене вели ’не се чувствувам безбедно’. Се прави политички обид да се насочи дискусијата, вели Сузан Кинг, професор по право на Универзитетот во Њујорк.

„Иако бројките на криминал се зголемуваат, тие и натаму остануваат прилично ниски за толку голем град“, додаде таа. Покрај тоа, криминалот се зголеми во повеќето други метрополи во САД во последната година.

Движењето за борба против полициското насилство поттикна некои демократи да повикаат на намалување на буџетот за 35.000-та полиција во Њујорк – најголемата во земјата – во корист на услугите за сиромашните заедници, а сега Сузан Кинг жали што разговорот веќе се фокусираше на зголемување на бројката на пшолицајците, што често пати е неефикасно.

„Веќе има значително полициско присуство на Тајмс Сквер. До кој степен повеќе полицајци би ја подобриле ситуацијата?”, се прашува таа.

Без оглед на преземените мерки, проблемот нема да се реши брзо, вели Кристофер Херман, друг експерт за „Џон Џеј“..

-Новиот градоначалник ќе најде многу лоши вести на своето биро, додава тој.

Back to top button
Close