Зголемено нивото на Вардар кај Велес

Нивото на реката Вардар кај Велес попладнето беше зголемено во однос на вчера. Жителите од месноста Речани се загрижени дека може да дојде до излевање на Вардар доколку продолжи да врне во текот на ноќта.

Од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес информираа дека според Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Вардар во централното подрачје на Велес е покачено за половина метар. На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти.

– По контактите остварени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во Велес од јуни минатата година не се мери нивото на Вардар на мерната станица кај Стар Мост. Од УХМР за МИА информираа дека планираат истата мерна станица наскоро повторни да проработи со цел да имаат точни и навремени податоци.

Back to top button
Close