Згрижувачка малтретирала малолетничка во Детско село

Денеска (12.10.2026) во 01:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје било пријавено дека на 11.10.2026 околу 17:00 часот во СОС „Детско село“, малолетничка била физички нападната од вработено лице како згрижувачка. Според пријавеното, малолетничката и претходо била физички нападната од истата згрижувачка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






