Жалгирис последен четвртфиналист во кошаркарската Евролига

Кошаркарите на Жалгирис од Каунас го обезбедија последното место кое води во четвртфиналето во Евролигата, откако во дуелот од завршното 34 коло на гостински терен го совладаа минхенски Баерн со 83-80.
Со триумфот Жалгирис дојде до 19. победа и го заврши регуларниот дел од сезоната на седмото место, со ист ефект (19-15), како и осмопласираниот Фенербахче, додека Басконија остана прва под линијата со 18 победи и 16 порази.
Во четвртфиналето ќе играат Олимпијакос – Фенербахче, Барселона – Жалгирис, Реал Мадрид – Партизан и Монако – Макаби.
Четвртфиналните дуели се играат до три победи, а подобрите од овие пресметки ќе обезбедат пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Каунас од 19 до 21 мај.






