Жално бијат камбаните во грчките цркви поради пренамената на Аја Софија во џамија  

 Во црквите и Соборните храмови во повеќе делови на Грција, денеска камбаните ќе бијат жално, поради закажаната прва молитва во Аја Софија во Истанбул, со што таа и официјално ќе стане џамија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Светиот храм во Атина за вечерва е закажана специјална литургија.

Според кипарските медиуми, и на Кипар денеска камбаните бијат жално.

Back to top button
Close