Жан Митрев повикан на распит во обвинителство

Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев, кој, како што дознаваме, е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот.

Од Обвинителството за медиумите ја потврдија оваа информација.

„Жан Митреб е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинитеклството, односно ОЈО Скопје по допшрен глас од јавноста“, ни изјавија од Обвинителството.

Како што е познато, обвинителството отвори предмнет, по серијалот емисии Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти.

Back to top button
Close