Жељазков: Имавме добар разговор со Сиљановска-Давкова, целта е Северна Македонија да влезе во ЕУ

Бугарскиот премиер Росен Жељазков за бугарските медиуми истакна дека средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова била добар, и дека разговарале за европските вредносит.

„Ставот на Бугарија е дека Република Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија. Имавме многу добар разговор, зборувавме за човекови права, еворпски вредности, разговаравме за тоа дека јазикот на официјалните претставници на земјите треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам аналогија – целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во Европската Унија, што се случува со исполнување на критериумите за членство“, рече бугарскиот премиер.

Back to top button
Close