Железничкиот сообраќај од утре во прекин – машиновозачите повторно не ја добиле платата навреме

Бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци

 

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.

Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска.

Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Машиновозачите изминатите месеци повеќе пати прекинуваа со работа токму поради непочитување на одлуката за исплата на платите.

 

Back to top button
Close