Жена е тешко повредена во сообраќајка кај Гевгелија

На 5.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од село Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник за Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале „фолксваген голф” управуван од М.Ќ.(30) од Прдејци и „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен” управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф”, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Back to top button
Close