Жена најдена почината во стан во Кисела Вода каде била потстанар
На 20.06.2025 во 21.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во кој живеела како потстанар била пронајдена почината К.Ч.(77) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.