Жена на точак тешко повредена во Охрид

Жена која возела велосипед е тешко повредена во Охрид, откако во неа удрил автомобил.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на крстосницата од улицата „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид, кога патничко возило „опел“ управувано од В.Н.(34) од Охрид вчера удрило во велосипед управуван од Е.А.(71), при што велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека по незгодата велосипедистката е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

Back to top button
Close