Жена направила киретажа во прилепската болница и за 30 часа починала во септична состојба

Пациентка на 52- годишна возраст починала по рутинска гинеколошка операција – киретажа поради менопауза, од засега непознати причини пренесе „Слободен печат“ повикувајќи се на раководни структури од Општа болница Прилеп.

Според наши информации, триесет часа после киретажата, истата пациентка дошла на Инфективната клиника во Скопје, била на кислород и исклучително вознемирена, во исклучително тешка, септична состојба, а резултатите од крвната анализа биле лоши.

Неколку операциони сали во општата болница Прилеп се затворени поради тоа што постои сомнение дека внатре има ретка опасна бактерија „серација“ но нејзиното присуство не е потврдено од страна на стручните служби, а смртта на пациентката не е потврдено дека е настаната поради сепса ниту дека е на било каков начин поврзана со евентуалната бактерија.

Повеќе

Back to top button
Close