Жена повредена од заталкан куршум во Тетово

Во тетовската полиција вчера било пријавено дека жена е повредена од заталкан куршум. Повредената жена била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се расчистува и документира случајот.

– Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Back to top button
Close