Жена прошета по улиците на Минхен со маж на поводник (ФОТО)
Минувачите на улиците на Минхен забележале необична глетка кога една жена одела со маж на поводник кој одел на сите четири, а потоа застанала на пешачки премин, чекајќи зелено светло за пешаците.
Видеото е објавено на страницата на Инстаграм Münchner Gesindel, чии следбеници најчесто испраќаат разни интересни работи од градот, а парот се прошетал низ Лудвигштрасе, недалеку од ексклузивните продавници во Минхен.