Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стрес

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка и со бројни сертификати и обуки во кои 14 години сама инвестирала, е избркана од работа веднаш штом кажала дека е бремена, објави СДК.

Откако претрпела силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа и додека по нејзиното бркање биле примени во Болницата 65 души на работа, таа го изгубила бебето во 27-та гестациска недела, односно во седмиот месец од бременоста, додава медиумот.

На нејзино место директорот на болницата по изборите примил нова, помлада девојка, заедно со уште 65 други разни профили, поради што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека врз оштетената пријавителка е извршена директна интерсекциска дискриминација.

Бидејќи претходно таа кажала дека е бремена и кога го прашала директорот на болницата зошто не ѝ го продолжуваат договорот, ако веќе трајно не ѝ го решаваат нејзиниот статус, директорот ѝ кажал:

„Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си“.

Во претставката жената што го изгубила детето поднела и докази од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство дека била здрава, носела здраво дете и оти имала уредна бременост без никакви ризици.

Повеќе

Back to top button
Close