Жена се породи под мост во Прилеп!

Доцна синоќа прилепчани ги воземири веста дека жена сама се породила под мостот во градот, каде што живеела. Од речното корито нејзе и нејзиното бебе ги извадила екипа на противпожарната служба, а била присутна и екипа на итната медицинска помош.

Според граѓаните, станува збор за Ромка која живеела под мостот, и иако во поодмината бременост, до последен миг работела и се трудела да спечали за живот.

Како се дозволило жената да не биде згрижена и да биде препуштена сама на себе, да живее како бездомничка иако очекувала бебе е актуелно прашање во јавноста, по настанот.

повеќе

Back to top button
Close