Жена со стап истепала тројца мажи во Јаболчиште

Жена од Горно Јаболчиште со иницијали Л.З. на возраст од 44 години, вчера физички се пресметала со тројца мажи во нивниот дом.

Случајот бил пријавен во Полициското одделение Чашка од страна на 49-годишниот С.З., кој изјавил дека покрај него, таа ги нападнала и Х.З.(35) и седумдесетиедно-годишниот С.З., при што употребила тврд предмет. Како што дознаваме, жената поради претходни недоразбирања отишла во домот на нападнатите и ги удирала со стап.

Иако имала исто презиме како нив, сепак не била во роднинска врска со нив. Од СВР Велес изјавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close