Жена уапсена по пукање пред седиштето на ЦИА
Обезбедувањето отворило оган врз жена која денеска се движела со возило кон портите на седиштето на ЦИА во близина на Вашингтон, игнорирајќи ги наредбите да застане, а потоа била приведена, јавија американските медиуми.
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека проверката на јавните евиденции покажала дека осомничената, млада американска државјанка, имала историја на возење под дејство на алкохол.
Портпаролот на ЦИА одби да каже дали осомничената била погодена од огнено оружје.
Жената влегла низ главниот влез , а кога обезбедувањето се обидело да ја запре, таа им избегала и продолжила кон портата, по што било пукано кон неа.
ФБИ го истражува инцидентот,.
ЦИА ја затвори главната порта на својот комплекс во Ленгли и им наложи на вработените да бараат алтернативни патишта.
Инцидентот со пукање се случи откако двајца вработени во израелската амбасада беа убиени од вооружен човек во центарот на Вашингтон доцна синоќа.
Според американски медиуми, нема знаци за поврзаност помеѓу двата инцидента