Жена вчера се изгубила на Китка, полицијата ја пронајде

Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба.

Како што информира МВР, вчера oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, откако нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје.

Тој вчера во 15.44 часот во полициска станица пријавил дека додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, таа се оддалечила и најверојатно се изгубила.

-На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот, соопшти МВР

Back to top button
Close