Жена во Бугарија го изела гласачкото ливче

Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто – изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

Back to top button
Close